Конте го брка и актуелниот европски шампион

Актуелниот првак во Лигата на Шампиони, Иван Перишиќ во јануари ќе го напушти тимот од Милано, пренесуваат италијанските медиуми. Хрватот не се наметна во формацијата 3-5-2 која ја негува Антонио Конте, а на италијанскиот старатег не му се допаѓа ниту односот на напаѓачот надвор од теренот.

Крилниот 31-годишен офанзивец изминатата сезона не беше во плановите на Конте, па замина на позајмица во Баерн Минхен, тим со кој ја освои и Лигата на Шампиони. Следеше враќање во Италија, меѓутоа на неговиот престој во Интер му се ближи крајот.

Интерес за Перишиќ покажуваат неколку клубови од Германија, каде Хрватот со успех ги бранеше боите на Волфсбург, Борусија Дортмунд и на Баерн, па лесно може да се случи во јануари да се врати назад во Бундес-лигата.

Се вчитува...