Конте: Го одбив Тотенхем летоска, но среќен сум што се враќам на тренерската работа

Новиот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте на промоцијата рече дека го одбил тимот летоска, и објасни зошто го сторил тоа.

„Да, имав понуда од Тотенхем, но ја одбив поради тоа што таа стигна само што го напуштив Интер и натаму ги немав средено емоциите. Ми дојде многу брзо, сакав малку да одморам. Но, Леви беше упорен, и еве ме тука“, рече Конте.

Тој истакна дека Тотенхем има одлични услови за работа и дека со нетрпение чека да се врати на тренерската работа.

„Со нетрпение чекам да се вратам на тренерската работа. Тотенхем има одлични услови за работа, едни од најдобрите во Англија. Има одлични услови за тренинг, и еден од најдобрите стадиони“, рече Конте.

Тој потпиша договор со лондонскиот тим до 2023 година.

Се вчитува...