Конте го состави Божиќниот список на желби

Претходниот зимски трансфер рок, Интер беше активен на пазарот и доведе три засилувања: Кристијан Ериксен, Ешли Јанг и Виктор Мосес, но на крајот и тие не беа доволни за освојување на титула. Оваа зима Антионио Конте има нов Божиќен список на кој се наоѓаат седум имиња.

Истиот го бројат играчите на Челси, Маркос Алонсо и Оливие Жиру со кој Италијанецот имаше одлична соработка во лондонскиот состав. Шпанецот не е во плановите на Френк Лампард оваа сезона, неговиот трансфер се чини неизбежен, но Интер ќе мора да ја погоди и правата цена за доведување на левиот бек. Францускиот напаѓач по блесокот против Севилја се врати во првите единаесеттмина, но агендата на клубот е воигрување на младите играчи, а тука е и репрезентативецот на Англија, Тами Абрахам кој го започна дуелот против Вест Хем. И покрај тоа, Челси нема лесно да се откаже од својот напаѓач, кој најверојатно ќе замине од „Стемфорд Бриџ“ со истекот на договорот следното лето.

Мета на Конте е и Леандро Парадес од ПСЖ кој беше во желби на Италијанецот и претходните сезони. Аргентинецот веќе има искуство во Серија А, откако претходно го носеше дресот на Рома и Емполи, а како адут во можната замена италијанскиот тим ќе го користи Критијан Ериксен. Негова алтернатива е Ренато Санчез кој се „препороди“ во Лил по неуспехот во Баерн Минхен. Португалецот привлекува интерес и од Ливерпул па ќе биде интересно да видиме каде ќе заврши 23-годишниот играч од средниот ред.

Аргентинскиот список продолжува со Родриго де Пол и Алехандро Гомез. Удинезе за Де Пол бара 40 милиони евра кои можат да бидат проблем за Интер, меѓутоа тука е Гомез кој создава проблеми во Аталанта и најверојатно ќе го напушти составот веќе во јануари. Покрај нив тука е и играчот на Парма, Жервињо.

Се вчитува...