Конте го величи Клоп пред дербито: Јирген е еден од најдобрите тренери во светот

Менаџерот на Челси, Антонио Конте имаше само пофални зборови за предводникот на „црвените“, Јирген Клоп во пресрет на саботното дерби со Ливерпул во рамките од Премиер – лигата, Италијанецот истакна дека Клоп е еден од најдобрите тренери на денешницата. Екс-тренерот на Јувентус има негативен рекорд во однос на гермаснкиот стратег, се уште е без триумф над неговиот состав, откако минатата сезона доживеа пораз на домашен терен и реми на „Енфилд роуд“, а во истиот фудбалски храм каде утре по трет пат ќе „мозгуваат“ за три бода.

„Имаме слични карактеристики со Клоп. И двајцата ја доживуваме играта со многу интензивност и страст, постојано сме на линијата да им помагаме на своите играчи. Тој несомнено е еден од најдобрите тренери на светот. Состави една одлична екипа, добро се организирани, особено во нападот. Пред нас е голем предизвик, но, свесни сме дека мора да покажеме голема страст ако сакаме добар исход, барем јас знам дека ќе ми биде тешко да се воздржам да седам на клупата, знаејќи го интентизетот и значењето на средбата“, истакна Конте.

Се вчитува...