Конте горд на самиот себе: Ова е еден од најголемите успеси во мојата кариера

Антонио Конте во Тотенхем како менаџер дојде среде сезона и успеа да го одведе лондонскиот тим до Топ 4 пласман, односно гарантирано учество во Лигата на шампионите.

Италијанскиот стручњак не крие дека е горд поради ова достигнување, а тоа го потврди и со изјавата по денешната убедлива победа над Норвич.

„Мора да бидам искрен, ова е еден од најголемите успеси во мојата тренерска кариера. Понекогаш задоволството не мора да биде поврзано со подигнување трофеј, мислам дека го достигнавме максимумот кој можевме да го сонуваме во ноември. Ситуацијата во клубот не беше најдобра од различни аспекти, вклучувајќи ги и повредите. За мене ова е голем успех во лига која е навистина тешка и квалитетна, среќен сум иако не освоивме трофеј“, изјавил Конте.

Тотенхем го освои четвртото место, оставајќи го зад себе големиот лондонски ривал, Арсенал.

Се вчитува...