Дебелите „спарси“ го налутија Конте: Заборавете на мајонез, кечап и шеќери

Антонио Конте неодамна го презеде тимот на Тотенхем, но се чини дека не е задоволен од ситуацијата во која се најде, па реши да изрече бројни забрани за играчите, а исхраната е прва цел. Италијанскиот стручњак смета дека некои фудбалери се со прекумерна тежина, па истите треба што побрзо да почнат со диета за слабеење.

За останатите да не се најдат во сличен проблем, отсега сите заедно ќе ручаат во клубот, а на менито ќе има и намирници предложени од новиот менаџер. Ќе биде забранета мрсна храна, мајонез, кечап, како и шеќери, диета што Конте ја воведе и пред неколку години веднаш по доаѓањето во Челси.

„Секој фудбалер мора физички да напредува за да се вклопи во мојата идеја за фудбалот. Мора да бидат подготвени на многу откажувања … Два или три три дена тренинзи неделно се премалку време за да одговориме на сите прашања што не мачат. Се надевам дека ќе останат посветени, ќе мораме ако сакаме негативата да ја претвориме во позитива. Здравата храна е најважана за секој спортист, маснотиите треба да се отстранат и да се заборават“, изјави Конте.

За потсетување, Тотенхем моментално е деветти на табелата, а бидејќи клубот со доаѓањето на Конте има многу поголеми амбиции ќе мора веднаш да почне со напредок и да освојува бодови.

Се вчитува...