Конте: Ја отпишавме Аталанта од трката за скудетото

Интер славеше на дуелот против Аталанта со 1-0, триумф со кој „нероаѕурите“ направија уште еден голем чекор кон освојување на скудетото. Милан и Јувентус претходно триумфираа на своите натпревари викендов, но избраниците на Антонио Конте одговорија на најдобар можен начин на притисокот, со дисциплинирана игра стигнувајќи до огромни бодови.

Трофејниот тренер имаше причина за задоволство по мечот, потенцирајќи дека со овој резултат Интер успеал да ја елиминира Аталанта од тркатаза скудетото.

„Не беше лесно да се игра знаејќи дека сите ривали веќе победија, но покажавме карактер, победивме, и се вративме на „плус шест“ на врвот на табелата. Секогаш е тешко кога играте против Аталанта, знаете дека тоа е тим што редовно зема бодови на големите екипи, но ние бевме максимално подготвени за овој меч. Не игравме толку отворено како на претходните средби бидејќи бевме свесни за квалитетите на противникот. Завршивме голема работа, успеавме и да ја отпишеме Аталанта од трката за скудетото бидејќи сега имаме 13 бода повеќе од тимот од Бергамо“, изјави Конте.

Се вчитува...