Антонио Kонте ја доби биткатa за контрола над трансферите во Интер со сопствеништвото и веднаш почна со конкретни чекори. Токму поради главниот збор во купувањето и продавањето играч беа и проблемите во клубот по финалето во Лига Европа. Сега Kонте ја има комплетната трансфер стратегија и затоа Интер се повлече од купувањeто на Сандро Тонали.
Конте сака поискусни играчи во тимот и затоа побарал да биде доведен Н’голо Канте од Челси. Заинтересиран е и за Видал од Барселоа и за Ндомбеле од Тотенхем. Канте кого Конте го доведе во Челси од Лестер во 2016 година во моментов не е во најдобра ситуација во клубот и лондонскиот состав би го продал за вистинската цена.
Се претпоставува дека тоа е околу 50 милиони евра, па Интер се надева дека би го добил на позајмица со обврска или со можност за купување. Интер ќе треба и да продаде играчи за да собере пари, а на листата потенцијални кандидати се Марсело Брозовиќ па дури и Кристијан Ериксен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА