Конте капитулира: Челси веќе не е во трка за титулата

Италијанскиот стратег на кормилото на Челси, Антонио Конте, објави капитулација по вчерашниот пораз од Вест хем (1-0) во Премиер – лигата. Тој истакна дека актуелниот шампион веќе не е во трка за одбрана на титулата.

„Ако сакаш да бидеш во трката, потребен е континуитет во резултатите. Нашиот случај не е таков. Ако загубиш четири од 16 натпревари, ти веќе не си во трката. Кога ќе загубиш од Вест хем, кој е при самото дно на табелата, тогаш треба да ти биде јасно дека тимот е далеку од одбрана на титулата. Треба да ги промениме нештата“, изјави разочарано Антонио Конте.

Се вчитува...