Конте капитулира: Најдобро ќе биде Тотенхем да остане на 5. место

Серијата променливи игри на Тотенхем продолжи и на почетокот од 2023 година, откако „спарси“ загубија на домашен терен од Астон Вила, губејќи драгоцени бодови во борбата за највисок пласман.

Уште поголемо разочарување за навивачите на „спарси“ донесе изјавата на тренерот Антонио Конте, кој беше преполн со песимизам.

„Јас го разбирам фудбалот и затоа и кога разговарав со управата пред почетокот на сезоната јасно им кажав дека наша цел ќе биде борба за Топ 4. Имам добри играчи во тимот, не велам не, но недостигаат играчи кои можат да минат „еден на еден“ и да направат предност на теренот. Затоа и ми беше смешно да ги читам новинарските пишувања од стартот на сезонава, каде бевме вбројувани меѓу кандидатите за титулата. Му го кажав тоа на претседателот – навивачите заслужуваат најдобро, но реалноста е таа што е. Можеби е најдобро за Тотенхем да остане на петтото место на табелата. Можеби и ќе паднеме до седмата позиција,во најдобар случај би биле четврти“, прокоментира Конте.

Италијанецот има договор со Тотенхем до крајот на сезонава и огромни се шансите летово да си замине од кормилото на „спарси“, откако сериозен интерес за негов ангажман покажа Јувентус.

Се вчитува...