Во последно време, се почесто се шпекулира околу иднината на дефанзивецот на Челси, Бранислав Ивановиќ, за кого се наведува дека кариерата ќе ја продолжи во Русија.
Стратегот на „сините“, Антонио Конте остава на дефанзивецот да одлучи дали ќе си замине оваа зима, или ќе остане до јуни во клубот…
„Драго ќе ми биде ако Ивановиќ остане. Заслужува големо почитување за кариерата која ја направи во клубот. Одигра многу натпревари, освои многу трофеи. Мораме да ја почитуваме секоја одлука на таков играч. Ивановиќ добро ја разбира ситуацијата и знае што треба да направи. Сега е во ситуација да ја донесе најдобрата одлука за себе и за своето семејство“ – вели Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА