Конте може да здивне

Интер доби одлична вест откако беше обелоденето дека Ромелу Лукаку нема посериозен проблем со мускулот откако Белгиецот се пожали на болка и мораше да биде заменет во второто полувреме од неделниот дуел со Кротоне.

Одличниот голгетер ги мина деталните прегледи, а лекарите му донесоа добра вест на тренерот Конте – Лукаку нема позначајно истегнување и ќе може експресно да се врати на тренинзи. Останува да се види дали „нероаѕурите“ ќе решат да ризикуваат со негов настап на утрешниот дуел со Сампдорија, или Конте ќе го сочува за дербито со Рома закажано за викендов.

Интер моментно има еден бод заостанување зад Милан во трката за скудетото. Лукаку е најдобар стрелец на „нероаѕурите“ со 12 гола на досегашните 14 одиграни средби во рамките од Калчо-лигата.

Се вчитува...