Конте: Мразам лажговци

Менаџерот на англискиот премиер-лигаш Тотенхем, Антонио Конте очекува квалитетна сезона со својот тим и борба за титулата во Премиер-лигата.

Италијанецот повторно без влакна на јазикот говореше околу тоа зошто не успеал да се задржи повеќе во ниту еден тим во кој беше тренер минатите години.

„Секогаш ја сакам искреноста. Ако ми кажете некоја работа треба таа да ја почитувате. Не сакам луѓе кои кажуваат едно, а прават друго. Ако ме излажете немате среќа со мене. Мразам лажговци“, изјави Конте.

Се вчитува...