Конте: Не ми е целта да освојувам трофеи со Тотенхем

Тотенхем и оваа година не е конкурентен за освојување на шампионската титула, но тоа добро го знае Антонио Конте. Италијанскиот стратег кој во минатото освојувше трофеи со Јувентус, Челси и Интер се почесто говори за неговата иднина во клубот, a овој пат пред медиумите ги потврди целите.

Тој вели дека задачата му е да постави темел на клубот за тој да се развива на вистински начин, а не да ја освои титулата во Премиерлигата или Лигата на Шампиони.

„Мојата задача е да му помогнам на клубот. Потпишав договор во ноември 2021 година и го затекнав клубот во тешка позиција од повеќе причини. Сега мојата задача е да се обидам клубот да тргне во вистинската насока за избор на играчи, работи, организација, креирање темел и тоа добро го разбирам. Тоа е предизвик за мене и ако сакам да останам морам да го прифатам тоа. Ако не го прифатам ќе си заминам.

Задачата ми е да направам база Тотенхем повторно да биде конкурентен и амбициозен, но на вистински начин, не само со зборови. Ако ме прашувате за освојување на Премиерлигата и Лигата на Шампиони, тоа не е моја задача“, изјави Конте.

Се вчитува...