Конте не простува – Четворица играчи од јануари треба да си бараат нов клуб

Тренерот на Интер, Анотнио Конте, информираше дури четворица свои играчи дека од јануари треба да најдат нов клуб. Кристијан Ериксен веќе е избришан од списокот на играчи. Исто така, Раџа Наинголан ќе го напушти Интер, кој не би имал ништо против да се врати во Каљари. Весино и Пинамонти се уште двајца играчи на кои Конте повеќе не смета.

Медиумите во Италија пренесуваат дека Скриниар исто така може да замине во Тотенхем, доколку Мурињо даде зелено светло за понуда од 45 милиони евра.

Инаку, Интер вечерва ќе одигра решавачки натпревар за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите. На тимот од Милано му треба победа против Шахтјор Доњецк, но не зависи се’ од нив, за пласман во следна фаза им е неопходен реми исход на натпреварот во Мадрид, каде Реал ќе биде домаќин на Менхенгалдбах.

Се вчитува...