Конте недојден, Рамос веднаш му кажа кој е кој во Реал

Недостига само уште официјална потврда, но веќе е јасно дека Хулен Лопетеги во текот на денешниот ден и официјално ќе биде отпуштен од Реал Мадрид, а на негово место ќе пристигне Антонио Конте, со кого начелно се договорени условите за соработка. Италијанецот важи за исклучително темпераментен стратег, но и некој што инсистира на најстрога можна дисциплина, па токму тоа е главната дилема – дали Конте ќе може да го наметне својот авторитет врз големите ѕвезди на „кралскиот клуб“.

Дека ќе биде тешко јасно е уште сега, особено откако на недојден тренер капитенот Серхио Рамос јавно порача новиот стратег да не се обидува да наметнува авторитет додека не ја заслужи почитта на фудбалерите.

Почитта е нешто што се добива и заслужува, не нешто што го наметнуваш или го бараш. Ние сме група на играчи што имаат освоено се што можело да се освои во изминатите години, тој што ќе дојде треба да знае дека ќе треба повеќе внимание да издвои на менаџирање со играчите, отколку со тактички подготовки“ – истакна Рамос.

Се вчитува...