Конте: Неуспехот на англиските екипи во ЛШ е поради Премиер – лигата

Менаџерот на Челси, Антонио Конте, пред мечот со Карабак истакна дека распоредот на натпревари во Премиер – лигата им ја отежнува работата во Лигата на шампиони, па смета дека ФА на Англија мора да преземе мерки, доколку сакаат во иднина да видат некој од англиските екипи меѓу четирите најдобри во најелитното натпреварување, па и во самото финале.

Прво, сакам да напоменам дека зборувам за сите англиски екипи кои играат во Лигата на шампиони, не само за Челси. ФА на Англија мора да го разбере овој проблем и да смени нешто. Веќе долго време англиска екипа не успеала да се пласира во финале, зошто е тоа така? Имаме многу силни тимови, квалитетот е неспорен, секој од нас може да стигне до финалето, но распоредот во домашното првенство многу ни ги отежнува работите. Не барам алиби, ниту оправдувања, но тоа е реалноста со која се соочуваме“, истакна Конте.

Токму Челси беше последниот англиски претставник кој настапи во едно финале во ЛШ, патем го освоија пехарот пред Баерн Минхен по пенал рулетот во 2012 година. Од тогаш, во сезоната 2013/2014 повторно Челси се најде меѓу најдобрите четири екипи, па доживеа елиминација од Атлетико Мадрид, додека во сезоната 2015/2016 истото му успеа на Манчестер сити, но и тие беа елиминирани во завршницата од Реал Мадрид.

Се вчитува...