Конте: Повеќе немам надеж, никогаш нема да ги видам дадените 30 милиони евра

Антонио Конте има свои грижи, и тоа не само поради слабите резултати на Интер на почетокот од новата година, на трофејниот стратег не му оди најдобро ниту на приватен план.

Имено, тренерот на Интер бил жртва на измама организирана од Масимо Боскишо, италијански брокер во Лондон. Тој им го олеснил џебот на осум клиенти со земање на огромни суми пари, а една од жртвите е и Конте, кој инвестирал 30 милиони евра.

Ова лето, судот му нареди на брокерот да ги врати депозитите, но е-поштата е лажна, како и документите што измамникот ги доставил до клиентите, што укажува дека неговата намера била иста од самиот почеток.

Шансите дека парите ќе бидат вратени се мали, имотот на Боскишо е конфискуван, но додека трае судскиот процес, ништо од тоа не може да се продаде на аукција, а прашање е колку пари Конте би можел да врати на својата сметка, па поради тоа, Конте пред медиумите кажа дека полека се простува од дадените пари и не очекува целосен поврат.

„Повеќе немам надеж, никогаш нема да ги видам дадените 30 милиони евра“, кратко прокоментира Антонио Конте на оваа тема.

Се вчитува...