Конте презадоволен: Победите сега вредат по шест бода

Антонио Конте е пресреќен по новиот триумф на Интер, единаесетти во низа за „нероаѕурите“, кои чекорат забрзано кон шампионската титула. Трофејниот стручњак сепак е свесен дека нема простор за славење однапред, додека скудетото не биде осигурано.

Интер денеска се мачеше против Калјари, на крајот сепак успевајќи да стигне до победата благодарение на голот на Дармијан во 77. минута.

„Ние мораме да играме за да победиме, немаме простор за калкулации, ниту пак сме тим што може да слави против секого ако не игра на 100% од своите можности. Премногу сакам да победувам, тоа го очекувам и од моите фудбалери. Предноста е голема, но ништо не е готово, на овие последни средби победите носат по шест бода. Овој тим може уште повеќе да расте, пред се на психолошки план, каде има многу простор за напредок“, истакна Конте.

Се вчитува...