Конте првпат во кариерата го победи Јуве: Ова не значи ништо, се уште сите заостануваме зад Јувентус

Антонио Конте е повеќе од задоволен од победата на Интер од 2-0 против Јувентус во 18. коло од Серија А, но потенцира дека тоа не е ништо посебно за одбележување.

Ова беше прв триумф во тренерската кариера на Конте против „старата дама“, но екс-тренерот на Јуве се уште со огромен респект говори за својот поранешен клуб.

„За да го победиме Јувентус, кој е референтна точка за сите италијански клубови, мораше да играме најдобар фудбал кој го умееме. Добро се подготвивме, момците беа одлични и среќен сум поради нив. Оваа победа е важна за самодовербата, ни овозможи да разбереме дека сме на добар пат“ – вели Конте, притоа дополнувајќи:

„Но, без разлика на победата, и натаму мислам дека сите во Италија, па Интер, заостануваат зад него. Интер го враќа кредибилитетот, како на домашно така и на интернационално ниво, но има уште многу за напредок. Оваа победа можеби е само почеток за нас. Никогаш во тренерската кариера не сум го победил Јувентус. Ова е напредок и за мене. Но, се уште не го сметам Интер за фаворит за титулата“.

Се вчитува...