Конте разочаран по поразот од Мура: „Сега ја сфаќам ситуацијата“

Тотенхем вчера доживеа вистински шок на гостувањето во Марибор. Загуби од словенечка Мура во рамките од Лигата на Конференции, и со тоа си го загрози местото во следната фаза во ова натпреварување. После мечот се огласи и менаџерот Антонио Конте кој сосема искрено околу играчите со кои располага.

„Дури сега ми е јасна ситуацијата. Таа не е нималку едноставна. Моментално Тотенхем не е врвен тим. Драго ми е што сум тука, но мораме доста да работиме и да го зголемите квалитетот на екипата“, порача Конте.

Пласманот на Спарс во следното коло е под прашалник и ќе мора да го чека последното коло, а екипата не блеска ниту во Премиер-лигата.

Се вчитува...