Конте сака повторно да работи со Ериксен

Антонио Конте, менаџерот на Тотенхем, вели дека повторно посакува еден ден да соработува со Кристијан Ериксен, кој неодамна се врати во Премиер-лигата и потпиша за Брентфорд.

„Враќањето во Тотенхем би било одлично за него, за мене, за клубот, но тој неодамна потпиша за Брентфорд и таму ќе биде следните шест месеци“, вели Конте, кој потврди дека разговарал со Ериксен, но дека враќање во Тотенхем не било темата.

„Бев изненаден од ситуацијата, бидејќи според мене, мислев дека ќе му треба на Ериксен повеќе време за повторно да заигра во Англија. Му посакувам се најдобро во иднина. Би било добро повторно да го имам, повторно да работам со него“, вели Конте.

Конте и Ериксен заедно работеа во Интер во сезоната 2020/2021, кога Интер се закити со „Скудетото“. Конте потоа си замина од клубот, а Ериксен мораше да замине од Италија со оглед дека таму не дозволуваат да игра со дефебрилатор.

Се вчитува...