Конте со радосна вест за Бразил: Ричарлисон нема сериозна повреда!

По повредата на Ричарлисон, ѕвездата на лондонски Тотенхем беше ставена под знам прашалник за настап на Светското првенство во Катар идниот месец.

Самиот Бразилец низ солзи објави дека се повредил и не знае колку ќе паузира, но менаџерот на лондончани Антонио Конте ги израдува Бразилците.

„Јас можам да потврдам дека Ричарлисон не е под ризик да го пропушти Светското првенство. Повредата не е сериозна и јас сум среќен за мојот играч“, рече Конте.

Се вчитува...