Конте: Среќен сум за резултатите на Интер, верувам дека „нероаѕурите“ уште долго ќе бидат на врвот

Aнтонио Конте истакна дека е среќен поради добрите резултати на Интер во досегашниот дел од сезоната. Откако од Интер си заминаа Конте, Лукаку и Хакими беше неизвесно како тимот ќе продолжи и каква сезона ќе има.

Меѓутоа Симоне Инзаги се покажа како одличен наследник на Конте, па Интер во моментов е лидер на табелата во Серија А и успеа да ги помине групите во ЛШ.

„Среќен сум за резултатите на Интер, на најдобар начин продолжуваат да го доградуваат тоа што го направивме. Можам само да им испратам комплименти и мислам дека имаат база на играчи со кои можат уште долго да бидат на врвот“, изјави Конте.

Се вчитува...