Конте тргнува на „шопинг“ во Бергамо

Антонио Конте чекори со Интер кон шампионската титула и прекин на серијата на Јувентус од девет скудета во низа, но трофејниот стручњак паралелно со тоа ги планира и следните чекори, пред се околу засилувањата за наредната сезона.

Лукаку е „недопирлив“, Лаутаро Мартинез најверојатно ќе потпише нов договор, а Конте сака покрај нив во тимот да го има и Луис Муриел. Колумбискиот напаѓач има одлична сезона во Аталанта, а фактот дека и таму не е стандарден на секој натпревар го прави Муриел идеална опција од клупата.

Овој фудбалер има договор со Аталанта до јуни 2023 година, но Муриел веќе е на 30-годишна возраст, па неговата вредност не би требало да изнесува повеќе од 30 милиони евра, сума што „нероаѕурите“ се подготвени да ја платат за да ја исполнат желбата на својот тренер.

Останува да се види дали неговото доаѓање ќе значи и заминување на Алексис Санчез, од чија непостојаност во формата Конте често е разочаран.

Се вчитува...