Конте во Тотенхем го носи „ѕидот“ на Интер и еден Србин

Антонио Конте е на прагот да го превземе Тотенхем откако лондонскиот клуб вчера ја прекина соработката со Нуно Еспирито Санто. Поранешниот тренер на Челси, Јувентус и Интер денеска пристигна во Лондон каде треба да се сретне со раководството на „петлите“ и да потпише договор до 2023 година.

Добро познато е дека Конте не презема тимови сред сезона, но овој пат е направен исклучок откако добил потврда дека во зимскиот преоден рок на „Хотспур“ ќе може да доведе нови засилувања, пренесуваат италијанските медиуми.

Две од нив се очекува да дојдат од „нероаѕурите“ со кои Конте претходната сезона ја освои шампионската титула во Италија, а тоа се „ѕидот“ на одбраната, Стефан Де Вриј и Алесандро Бастони. На списокот на желби е и српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ кој руши рекорди во Фиорентина.

Се вчитува...