Конте: За да бидеме на врвот ќе ни требаат уште два преодни рока

Тренерот на англискиот премиерлигаш Антонио Конте, изјави дека на неговиот клуб му се потребни уште два преодни рока за да се вклучи во битката за титулата во Англија.

Тотенхем новата сезона ја почна со три победи и едно реми, и има ист учинок како Манчестер Сити, а единствен подобар е Арсенал кој има четири победи од четири меча.

„Кога ќе се споредиме со минатта сезона, сега сме поконкурентни, но за да достигнеме врвно ниво, треба уште време, трпение и два преодни рока“, изјави Конте.

Тотенхем добро се засили ова лето. Од Интер дојде Иван Перишиќ, а за тимот потпишаа Ришарлисон од Евертон, Ив Бисума и Џед Спенс. Исто така Тотенхем успеа да го продолжи договорот со својот прв „бомбардер“ Хари Кејн.

Се вчитува...