Конте за Сон: Ако барав зет, би сакал да биде некој како него

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте не ги штедеше зборовите говорејќи за еден од најдобрите играчи во тимот, Сон Хеунг-мин. Јужнокореецот кој е дел од „петлите“ веќе седум години инспирира со своите настапи на зелениот терен, но и со харизата и човечноста која ја покажува надвор од теренот.

Тоа веше повод за италијанскиот стратег да го пофали велејќи доколку бара сопруг за неговата ќерка сака тој да има особини како Сон.

„Тој е голем и многу добар човек. На пример, ако морам да најдам сопруг за мојата ќерка би сакал да биде личност како него“, изјави Конте кој потоа се осврна кон неговиот учинок на теренот.

„Тој е многу осетлив и понекогаш тоа е добро, но во исто време таа особина го мачи во моментите кога не постигнува голови“.

Сон оваа сезона сеуште чека на првиот гол за својот тим.

Се вчитува...