Контролата меѓу Шкупи и Струга ТЛ заврши без победник

Струга Трим и Лум и Шкупи одиграа без победник 1-1 во контролниот натпревар кој се играше во Струга. Домашните дојдоа до водство со голот на Скендери, додека конечните 1-1 ги постави Илјази.

Двата тима ги стартуваа малку порано подготовките бидејќи се дел од квалификациите во новоформираната Конференциска лига на УЕФА. Шкупи во првото коло се среќава со косовскиот Лапи, додека Струга ТЛ ќе игра со летонска Лиепаја.

 

Се вчитува...