КОНТРОЛНИ НАТПРЕВАРИ: Тиквеш во Кавадарци подобар од Работнички

Новиот прволигаш Тиквеш во Кавадарци славеше над Работнички со 3-1 во пријателски натпревар.

Тиквеш поведе со 2-0, со головите на Ибрахима Тиам и на Едиз Спахиу, Хајдари намали во 66.минута, а Иван Ивановски го постави конечниот резултат.

Следниот тест за тимот на Работнички е дуелот против Академија Пандев в сабота во Струмица, додека Тиквеш игра со Ренова.

Се вчитува...