КОНТРОЛНИ СРЕДБИ: Македонија ЃП подобра од Вардар, Шкендија го совлада Гостивар

Прволигашот Македонија Ѓорче Петров славеше со 1-0 над најтрофејниот македонски клуб Вардар во контролен натпревар како дел од подготовките за продолжението на сезоната во домашниот фудбал.

„Лавовите“ до победа стигнаа во 74. минута, a за издвојување е и црвениот картон кој го добија избраниците на Муарем Бајрами само четири минути пред постигнување на голот за победа.

Во пријателски натпревар со 1-0 славеше и тетовска Шкендија во мечот против Гостивар. Клучниот момент во натпреварот се случи во 23. минута кога Влатко Стојановски го постигна победничкиот погодок на асистенција на Вагнер.

Второлигашот Арсими славеше со убедливи 3-0 над прволигашот Работнички.

Се вчитува...