Ливерпул го совлада Вест Хем на гости со 0-2, а имаше еден интересен детал во 84. минута од овој натпревар кој беше решен во вториот дел. Црвените на крајот со головите на Исак и на Гакпо славеше.
На овој начин екипата на Арне Слот ја прекина серијата на порази, и барем малку ги смири незадоволните навивачи. Меѓутоа интересен детал беше начинот на кој играчот на Вест Хем, Лукас Пакета доби црвен картон.
Овој фудбалер веќе беше во центарот на вниманието поради добиени жолти картони во минатото, наводно поради обложувалници. А, сега доби црвен картон и тоа за само неколку секунди, односно два жолти за приговор.
Навивачите ова го окарактеризираа како намерно добиено исклучување поради обложувалници.
„Сигурно го направил ова за обложувалницата“, „Проверете ги билетите на неговите роднини“, „Нема шанси ова да е случајност“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Чудната ситуација со Пакета, може да ја погледнете на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

