Контроверзниот газда на Панатинаикос не дава плата: „Ќе видат тие…“

Сопственикот на грчки Панатаникос, Димитрис Јанакопулос нема намера да ги исплати целосно своите кошаркари за периодот под „коронавирус“.

Играчите се согласиле на намалување на примањата на 80%, но сега контроверзниот Јанакопулос нуди помалку пари.

„Сакаат да добијат 80% од платите, а работеа за 65%. Ќе видиме кој последен ќе се смее“ – вели сопственикот на Панатинаикос.

Јанакопулос и во минатото постојано беше во судир со кошаркарите и вработените во клубот, а често е казнуван и од меѓународните институции поради испади на натпреварите.

Се вчитува...