Контроверзниот Манзано и претходно си „играл“: Во 2017 донел иста одлука, но во корист на Реал (ВИДЕО)

Реал Мадрид е силно револтиран на судија Хил Манзано кој синоќа се одлучи да свири крај во време на акција на „кралевите“ по која постигнаа гол за победа.

Факт е дека е повеќе од контроверзна одлука на главниот судија, но не е ниту прва таква во кариерата на шпанскиот судија. Интересно, Манзано во 2017 година донел иста таква одлука, но тогаш во корист на Реал Мадрид.

На дуелот меѓу Реал и Малага на „Сантијаго Бернабе“ во сезоната 2017/18 гостите постигнаа гол во четвртата минута од судиското продолжение. Но, Манзано означи крај на првото полувреме токму за време на центаршут, по кој после една секунда Пол Бесе ја затресе мрежата на Реал. Голот не беше признат.

Се вчитува...