Копа дел Реј: Атлетик Билбао со Барселона, Реал со Елче, Столе и Рајо против Жирона

Денеска беа извлечени двојките од 1/8 финалето во Купот на Шпанија, во кои се извлечени неколку интересни двојки.

Најинтересно ќе биде во дербито за Севилја, во кое Бетис ќе игра со Севилја. Исто така едно од дербијата ќе биде Атлетик Билбао – Барселона, како и Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид.

Реал Мадрид доби полесна задача и ќе игра со Елче. Рајо Валјекано на Столе Димитриевски за протовник ја доби Жирона.

КОПА ДЕЛ РЕЈ 1/8 ФИНАЛЕ:

Атлетико Балареас – Валенсија
Жирона – Рајо Валјекано
Хихон – Кадис
Елче – Реал М.
Р. Сосиедад – Атлетико М.
Бетис – Севилја
Атлетик Б. – Барселона
Мајорка – Еспањол

Се вчитува...