Копа дел Реј: Рајо без Димитриевски обезбеди пласман во осминафиналето

Рајо Валјекано се пласираше во осминафиналето на Купот на кралот откако славеше на гостувањето кај Мирандес со 0-1. Клучниот момент во натпреварот се случи во 67. минута кога прецизно биеше Мартин.

Македонскиот репрезентативен голман натпреварот го помина на клупата за резерви, а предност пред него доби Зидан.

Во останатите натпревари во терминот од 20 часот: Балеарски острови – Селта Виго 2-1 и Валјадолид – Бетис 0-3.

Се вчитува...