Копа дел Реј: Сосиедад, Валенсија и Мајорка први патници во осминафиналето (ВИДЕО)

Реал Сосиедад, Валенсија и Мајорка се првите патници во осминафиналето од годинашното издание на Копа дел Реј. Сосиедад во еден интересен натпревар славеше на гостувањето кај Легањес со 2-3.

Гостите поведоа со 0-2 со головите на Исак и Ојарзабал во првото полувреме. Домашниот тим успеа да се врати и да израмни на 2-2 со двата гола на Муњоз, а конечните 2-3 ги постави Ојарзабал со својот втор гол во 74. минута.

Валенсија исто така во крајно интересен натпревар славеше над Картагена со 1-2. Солер донесе водство за гостите во 35. минута. На 1-1 израмни Ортуно од пенал во 75. додека Черишев во 92. минута ја одведе Валенсија меѓу шеснаесетте најдобри во шпанскиот куп.

Во последниот меч од терминот од 16 часот Мајорка славеше над Еибар со 1-2.

 

 

Се вчитува...