Копа дел Реј: Второлигашот Хихон го зема скалпот на Вилјареал, Севилја рутински во следната фаза

Шестнаесетфиналето од Копа дел Реј го приреди и првото изненадување откако второлигашот Хихон славеше над Вилјареал со 2-1. Гостите први поведа преку Албиол во 48. минута, а пресвртот за домаќините го донесоа Џурџевиќ во 67. минута и Милованов во 88. минута за големо славје.

Севилја пак рутински се пласираше во следната фаза откако на гостувањето кај Зарагоса славеше со 0-2. Кунде прв ја затресе мрежата во 31. минута, а победата ја осигура Мир во 69. минута.

Се вчитува...