Кореа останува „јорганџија“ до 2026 година (ФОТО)

Атлетико Мадрид и Анхел Кореа ја продолжија соработката до 2026 година, потврди мадридскиот клуб. Аргентинецот е дел од „јорганџиите“ од 2015 година каде пристигна од Сан Лоренцо, а одличните партии му осигураа и нов, побогат договор.

Кореа воедно беше и двоен стрелец на последниот дуел на Атлетико Мадрид против Рајо Валекано на нашиот Столе Димитриевски, меч кој македонскиот голман го проследи од клупата поради претходен позитивен тест на Ковид-19.

Се вчитува...