Корегирана грешката: Ивановски добива ваучер од 200.000 денари

Еден од најдобрите македонски атлетичари и олимписки кандидат, Дарио Ивановски сепак ќе доби ваучер согласно спортската класа. По реакцијата од Атлетската федерација на Македонија и спортската јавност, Агенцијата за спорт и млади

Ивановски претходно бурно реагираше на одлуката на Агенцијата за Млади и Спорт околу доделувањето на ваучерите за 2021 година. Ивановски доби прескромни 38.000 денари, дури девет пати помалку од Јован Стојоски, по што очекувано следи промена на висината на ваучерот. Ивановски ќе добие ваучер од 200.000 денари.

„Дарио ретко јавно зборува. Повеќе го интересира тренинг, трка и успех. Но, кога зборува има нешто. Дури и да не го сакаш како личност, го читаш и те тера да заплачеш. Неговите зборови денес растреперија милион македонски срца. Неговите зборови ги кренаа на нозе сите кои се авторитет во македонскиот спорт. Мојата и наша атлетска федерација на чело со претседателката Александра Војнеска Зикова експресно реагираше до АМС и оваа грешка беше поправена за многу кратко време. Ваучерот за Дарио ќе биде петпати поголем и во рамките на неговата врвна шампионска класа како што заслужува. Јавно и благодарам на претседателката на АФМ и одговорните луѓе во АМС за оваа исправна одлука“ – информира тренерот на Дарио Ивановски, Игор Јакимовски.

Се вчитува...