Корона – тајм: Вокер се затвори дома, ама со две проститутки

Кајл Вокер повторно се најде на ударот на британската јавност откако беше обелоденето дека во време на самоизолација повикал во својот дом две проститутки, со кои минал три часа пред да го напуштат неговиот стан во Чешир. Настанот се случил само еден ден пред англискиот репрезентативец да се појави во јавноста како дел од кампањата „Остани дома“, советувајќи ги граѓаните да не ги напуштаат своите домови како дел од заштитата од коронавирусот.

Скандалот следи само два месеци откако дефанзивецот на Манчестер Сити се раздели од долгогодишната девојка Ани Килнер, откако таблоидот „Сан“ обелодени дека манекенката Лорин Гудман е бремена, а Вокер е таткото.

Повторно „Сан“ е медиумот што прв објави контроверзна информација за овој фудбалер, земајќи и изјава од една од проститутките што биле во неговиот стан, 21-годишната Луиз Мекнамара.

„Работам за агенција од Манчесстер, добив порака дека „клиент од висок профил“ бара девојка за провод. Кога се сретнавме, тој се претстави како Каи. Во моментот не знаев за кого станува збор, но не му пречеше да го фотографирам. Подоцна пријателките ми кажаа дека бил познат фудбалер“, истакна Мекнамара за „Сан“.

Покрај осудата од јавноста, за очекување е Вокер да биде казнет и од Манчестер Сити за непочитување на клупските препораки за време на паузата поради коронавирусот.

Се вчитува...