Корона во Интер: Д’Амброзио оди во карантин, следуваат тестирања во тимот на Конте

Фудбалскиот клуб Интер објави дека Данило Д’Амборзио бил заразен со коронавирус. Д’Амброзио, наводно, добил позитивен резултат на тестовите спроведени во понеделникот. Клубот додава дека дефанзивецот веќе е во карантин во неговиот дом.

Остатокот од тимот ќе ги следи процедурите предвидени со здравствениот протокол.

За потсетување, Д’Амброзио го пропушти дуелот со Торино затоа што почувствува симптоми на грип. Тој патуваше во Торино со тимот, но брзо се врати во Милано. Интер е прв на табелата во Серија А, со девет бода повеќе од градскиот ривал Милан.

Се вчитува...