Корона во Интер: Тимот на Конте мора да биде во изолација

Петмина членови од управата на Интер се заразени од коронавирусот, а некои од нив исто така беа во контакт со играчите, така што целиот тим ќе мора да биде тестиран. Серија А веќе испрати упатства до клубот од Милано, па според протоколите, фудбалерите мора да бидат во изолација во следните десет дена, без оглед на резултатите од тестовите.

Ова значи дека „нероаѕурите“ следниот натпревар кој ќе го одиграат против тимот на Џенова, ќе го дочекаат во изолација без тренинг, што може да биде сериозен проблем за лидерот на табелата.

Интер се наоѓа на првата позиција во Серија А, а тимот на Конте има одлична форма и е сериозен кандидат да ја освои титулата, па ваквиот развој на настаните доаѓа во период кога тимовите треба да играат на највиско ниво, зошто пред крајот на сезоната, посебно одлучуваат победите и поразите.

Се вчитува...