Корона во Реал: Модриќ и Марсело позитивни на Ковид-19

Фудбалерите на Реал Мадрид, Лука Модриќ и Марсело се позитивни со корона вирусот, соопшти „кралскиот клуб“. Хрватот и Бразилецот дојдоа до позитивни резултати само три дена по градското дерби против Атлетико.

Двајцата играчи ќе ги пропуштат следните два првенствени натпревари, во кои ривали на „кралевите“ ќе бидат Кадиз и Атлетик Билбао.

Според медицинскиот тим, фудбалерите на Реал се очекува да бидат подготвени за првиот меч во 2022 година. Поради позитивните тестови на Лука и Марсело, се најавува дека во изолација ќе бидат испратени сите останати фудбалери кои имале најчести контакти со позитивните играчи.

 

 

 

Се вчитува...