Коронавирус и во тимот на Барди: Позитивни тројца фудбалери и двајца од персоналот на Леванте

Пет позитивни случаи се откриени во таборот на Леванте на најновите тестирања спроведени вчера попладне. Станува збор за тројца играчи и двајца од техничкиот персонал на екипата.

Тимот не откри за кои играчи станува збор. Тие се веќе изолирани, и под мониторинг од медицинските лица од клубот, соопштија од Леванте.

Енис Барди ја прележа короната во мај, непосредно пред почетокот на ЕВРО 2020, со што беше неизвесен до крај дали ќе патува во Букурешт, но на крајот успеа да се излечи и да се приклучи на националниот тим.

Се вчитува...