Коронавирус во Тотенхем, Санто со нови проблеми

Стратегот на Тотенхем, Нуњо Еспирито Санто, се соочува со нови проблеми пред продолжението од сезоната откако двајца фудбалери на „спарси“ се вратија од репрезентативната пауза позитивни на коронавирус.

Информацијата за новите случаи во таборот на Тотенхем беше потврдена од клубот, идентитетот официјално не е објавен, но дел од медиумите тврдат дека станува збор за Кореецот Сон и за шпанскиот тинејџер Брајан Хил. Двајцата ќе мора да минат по десет дена во самоизолација, што значи дека ќе го пропуштат не само неделниот дуел со Њукасл, туку и мечот што наредниот викенд ќе ги очекува „спарси“, гостувањето против лондонскиот ривал Вест Хем.

Сон е главен играч на Тотенхем сезoнава, постигнувајќи три гола на шесте средби што ги одигра во дресот на „спарси“ во Премиер-лигата. Хил дојде во Тотенхем од редовите на Севилја, но досега нема стартувано ниту еден премиерлигашки меч, влегувајќи во игра во второто полувреме на четири натпревари.

Се вчитува...