Коронавирусот главен непријател на Мбапе: Му го спречи трансферот во Реал Мадрид

Килијан Мбапе ќе остане во Пари Сен Жермен уште една сезона. Главна причина за ова е кризата предизвикана од коронавирусот, тврди францускиот „L’Èquipe“. Францускиот репрезентативец реши да остане во Париз додека ситуацијата не се стабилизира. Тој има договор со клубот до 2022 година.

Сепак, планот за трансфер во Мадрид останува на сила и „кралскиот клуб“ ќе направи се да биде реализиран следната година. Мбапе подолго време е трансферна цел на Реaл Мадрид и на Зинедин Зидан.

Мбапе досега не се согласуваше да потпише нов договор со клубот, но според „L’Èquipe“, тој би се согласил да стави потпис на договор со ПСЖ, само ако во него има разумни услови за следен трансфер.

 

Се вчитува...