Микел Артета како да немаше доволно проблеми околу резултатите на Арсенал, па стратегот на „топчиите“ сега се соочува со главоболки околу евентуални случаи на коронавирусот во неговиот тим.
За вечерашното лондонско дерби со Челси „топчиите“ ќе бидат ослабени поради неиграњето на бразилското трио Габриел – Давид Луиз – Вилијан, а причина за неиграњето на овие фудбалери е токму Covid-19.
„Габриел беше во близок контакт со лице што е заболено од коронавирус. Тој сега се наоѓа во самоизолација и ќе ги пропушти следните три натпревари. Давид Луиз и Вилијан не се чувствуваа добро во последните денови. Двајцата беа тестирани и добија негативни резултати, но ќе продолжиме да ја следиме нивната состојба“, се вели во краткото соопштение на „топчиите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА