Коронавирусот го нападна и Ливерпул

Ширењето на коронавирусот го погоди и Ливерпул, откако вечерва беше обелоденето дека еден фудбалер на актуелниот европски првак е позитивен на Ковид-19.

Станува збор за Жоел Матип, камерунскиот интернационалец кој во последните два-три месеци беше повреден, потоа минувајќи го поголемиот дел од времето греејќи ја клупата на „црвените“. Сепак, тој во изминатите дваесетина дена тренираше со полна пареа со остатокот од екипата, поради што е запален „алармот“ кај гигантот од „Енфилд“.

Сите фудбалери и членовите на стручниот штаб од вечерва се ставени во самоизолација што ќе трае во следните 14 дена, период во кој ќе се дознае дали има уште заразени од коронавирусот во таборот на лидерот во Премиер-лигата.

Се вчитува...