Коронавирусот ја „парализира“ Премиер-лигата: Нови четири одложени натпревари

Челниците на Премиер-лигата се соочуваат со огромни проблеми по појавата на бројни случаи на коронавирус во речиси сите екипи од елитното англиско фудбалско друштво.

Затоа беа одложени три меча од изминатото премиерлигашко коло, уште вчера беше објавено дека викендов нема да се игра дуелот Манчестер Јунајтед – Брајтон, а утрово од Англија пристигна информација за одлагање на нови четири натпревари од Премиер-лигата.

В сабота нема да се играат дуелите Саутемптон – Брентфорд, Ватфорд – Кристал Палас и Вест Хем – Норвич, а одложен е и неделниот натпревар меѓу Евертон и Лестер.

Многу лесно може да се случи да не се игра ниту неделното дерби меѓу Тотенхем и Ливерпул, ако се знае дека „спарси“ веќе ги одложија претходните две премиерлигашки средби поради бројни случаи на коронавирус во своите редови.

Дел од менаџерите побараа привремен прекин на сезоната додека состојбата не се стабилизира, па останува да се види каква ќе биде одлуката на челниците на Премиер-лигата.

Се вчитува...